Проектот за даночна одговорност – кон граѓанска одговорност и одговорни даноци го спроведува Центарот за економски анализи.
Проектот има за цел да придонесе кон унапредувањето на општествената одговорност, а прилагодена на контекстот на Република Северна Македонија, приоѓајќи од двете страни, и тоа преку граѓанската одговорност со истражувања и информирање засновано врз докази со цел зајакнување на даночниот морал но, и преку унапредување на одговорноста на владите преку унапредена транспарентност и отчетност.
Со оваа акција планирано е пилотирање на иновативен пристап од областа на економијата на однесувањето (behavior economics) за носителите на политиките за подобрени јавни услуги и да дадеме позитивни импулси на граѓаните за прашањата за унапредување на даночниот морал и доброволното подмирување на даночните обврски (tax compliance).
Целта е да се придонесе кон унапредување на граѓанската одговорност во Македонија преку зголемена даночна одговорност затоа што градењето на даночниот морал бара мотивирање и промовирање на активно и одговорно граѓанство кое е вклучено и свесно за општествената важност на даноците, а од друга страна транспарентно и ефикасно трошењето на јавните средства за да се овозможи и развој и социјална кохезија.
Проектот е во времетраење од 2 години од Јануари 2020 до Декември 2021 година.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 188.119,12 евра со учество на ЦЕА во износ од 9.405,96 евра.
Овој проект е финански поддржан од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР).
Соопштенија:
Почеток на проект
Истражувања:
Анализа на факторите на даночниот морал
Профил на даночните обврзници – даночен морал
Брифови:
Фискална транспарентност на општините во Северна Македонија
Кои се детерминантите за даночен морал: институционални фактори
Кои се детерминантите за даночен морал: социо-економски фактори
Во медиумите:
Општините немаат капацитет да ги наплатат даноците
Општините немаат капацитет да ги наплатат даноците
Истражување: Општините немаат капацитет да ги наплатат даноците
Дома не знаеме за што плаќаме данок, а би плаќале повеќе само да сме во странство
Мнозинство млади лица би се иселиле во земја со повисоки даноци
Профил на даночните обврзници: Младите би плаќале повисоки даноци, но не во Македонија
Повик за услуги:
Повик за набавка на краткорочни услуги
Визуелни материјали
Општините и приходите од локални даноци
Зошто перцепцијата за доверба кон институциите е многу ниска во македонското општество?
Општини кои издвојуваат најмалку средства за капитални инвестиции
Виртуелен карактер 5: Ставови за даночниот морал и даночната одговорност
Видео: Транспарентноста на општините и даночниот морал на граѓаните
Виртуелен карактер 4: Ставови за даночниот морал и даночната одговорност
Виртуелен карактер 3: Ставови за даночниот морал и даночната одговорност
Видео: Одговорна општина го зголемува даночниот морал и свест
Видео: ЦЕА за даночните служби
Виртуелен карактер 2: Ставови за даночниот морал и даночната одговорност
Виртуелен карактер 1: Ставови за даночниот морал и даночната одговорност
Транспарентноста на општините клучна за зголемување на даночниот морал
Колку пари потрошиле општините за набавка на моторни возила и камиони?
Видео: Предизвици кај системот на данокот на имот
Дали мамењето на даноци е прифатливо за граѓаните?
Информираноста и транспарентноста клучни за зголемување на свеста за даночна одговорност
Колку сме спремни да плаќаме повисоки даноци?
Колку имаме доверба во трошењето на даноците од страна на локалната и централната власт?
Даночната одговорност има две страни
Трибина
Трибина на тема: “Даноците на имот и профил на даночниот обврзник: Даночниот морал во РС Македонија”