—-

Во РС Македонија во периодот од 2017 до 2019 година, општините потрошиле вкупно околу 2 милиони евра или 140 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони.
Дури 85% од потрошените средства биле за набавка на моторни возила а само 15% за набавка на камиони.

53 од 81 единица на локална самоуправа потрошиле средства за оваа намена, што укажува дека во просек една општина во периодот од 3 години потрошила 2,5 милиони денари за набавка на моторни возила и камиони од кои само 396.797 денари за набавка на камиони.

Општините од Скопскиот и Пелагонискиот регион потрошиле најмногу средства на за набавка на моторни возила во периодот од 2017 до 2019 година и тоа: Скопскиот регион – 47,5 милиони денари додека Пелагонискиот регион – 23 милиони денари.

Линк до pdf верзија.