
Марјан Николов е Претседател на ЦЕА и глобален ЈПП експерт со докторат во мерење на ефикасност на децентрализација од Универзитетот во Љубљана. Тој работел во повеќе од 15 земји во Европа, Средниот исток и Африка. Неговата област на експертиза покрива општински финансии и фискална децентрализација, јавни финансиски менаџмент, ЈПП физибилити студии, фискална транспарентност и мониторинг и изработка на кост-бенефит анализи. Тој има подготвено, дизајнирано и имплементирано обуки, истражувачки трудови и трудови за носење на политики во делот на јавниот финансиски менаџмент и децентрализацијата.
Весна Гарванлиева Андонова, e Доктор по економски науки и Постар економист во ЦЕА повеќе од 12 години. Таа има значително професионално искуство во управување со проектни како и консултантски услуги за приватниот и јавниот сектор насочени кон економски развој. Таа има посебен интерес за квантитативно и квалитативно истражување и анализа на политики во областите на добро управување во јавните финансии, развојот на човечкиот капитал, локалното финансирање, климатски финансии, регионален развој, и др.

Габриела Димовска е дипломиран економист по финансиски менаџмент и кандидат магистер по монетарна економија, финансии и банкарство. Повеќе од 12 години е ангажирана во Центарот за економски анализи (ЦЕА) како истражувач и економист.
Нејзиното професионално искуство е насочено кон јавни финансии, буџетскиот процес, фискална транспарентност и отчетност, како и анализа на општинските финансии и локалната фискална одговорност. Има учествувано во подготовка на аналитички извештаи и истражувања поврзани со фискална и монетарна политика, социјално вклучување и конкуренција. Габриела покажува особен интерес за прашања поврзани со добро управување и ефикасно обезбедување на јавни добра, со фокус на унапредување на институционалната отчетност и транспарентност.
Ана Марија Петровска е дипломиран економист и магистер по управување со информациони системи, со повеќе од 11 години искуство како истражувач и економист во Центарот за економски анализи (ЦЕА). Нејзината работа е насочена кон јавни финансии, климатски финансии, фискална транспарентност, локален економски развој и институционални реформи. Поседува значајно искуство во подготовка на аналитички извештаи, студии и мониторинг рамки, користејќи квантитативни и квалитативни методологии. Нејзиниот професионален интерес е насочен кон унапредување на ефикасноста и отчетноста во јавниот сектор преку истражување засновано на податоци.
Ивана Велковска е економски аналитичар во ЦЕА, студент на докторски студии по економија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и магистер по меѓународна економија. Во ЦЕА работи повеќе од четири години, а има претходно работно искуство во приватниот сектор како финансиски аналитичар и даночен консултант. Нејзината област на истражување се економската нееднаквост, социјалната политика и јавните финансии.

Мирослав Трајановски, е правен експерт со повеќе од 40 години професионално искуство во областа на правните работи. Во периодот од 1984 до 1996 година бил вработен во Секретаријатот за законодавство – Влада на Република Македонија, помагајќи им на органите на државната управа во подготовката и изготвувањето на примарната и подзаконската регулатива. Во периодот од 1997 до 1999 година бил директор на правната служба на Агенцијата за приватизација, организирајќи, раководејќи и следејќи го процесот на приватизација/трансформација на претпријатијата со општествен капитал. Тој е искусен во анализа, разгледување и изготвување на примарната и подзаконската регулатива, како и на внатрешните акти на јавните субјекти. Во текот на својата кариера учествувал во повеќе проекти поврзани со подобрување на локалната самоуправа. Како заменик тим – лидер бил вклучен во спроведувањето на Проект на ФАРЕ за развој на локалната самоуправа, помагајќи му на лидерот на тимот во организирање и управување со проектот, анализа и правна експертиза на Законот за локална самоуправа како и на други закони поврзани со пренос на надлежностите од централните на локалните власти. Има одлично познавање на Јавното приватно партнерство (ЈПП) и Јавните набавки (ЈН) (теорија и пракса: изработка на примарното и секундарното законодавство на Република Северна Македонија; изработка на физибилити студии, тендерска документација и модел на договори за ЈПП и ЈН во согласност со македонското законодавство и најдобрата практика на ЕУ). Во текот на својата кариера како експерт за ЈПП и ЈН бил ангажиран во изработка на правниот дел од физибилити студиите за оправданост за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство. Исто така, учествувал на обуките организирани од УСАИД како обучувач на јавниот сектор на национално ниво, локалните власти и деловните субјекти.
Марина Јандревска е дипломиран економист. Во периодот од 2005-2021 година била вработена во локална самоуправа. Нејзина област на експертиза се општинските финансии и внатрешната ревизија. Таа поседува значајно искуство во областа на општински буџети, завршни сметки, проценка на ризици, ревизорски универзум, јавна внатрешна финансиска контрола. Во текот на своето работење во локалната самоуправа таа подготвува и имплементира алатка на Програмата за урбано партнерство на Светска банка Австрија (UPP) за финансиска самооценка на локалната самоуправа и проценка на финансискиот капацитет (MFSA), алатката ја има презентирано на повеќе регионални конференции за локалните самоуправи во Југоисточна Европа, Австрија и Република Турција. Од 2022 година Марина работи како специјалист за финансии на општини во рамки на Проект на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Таа организира и имплементира работилници и менторски сесии за градоначалниците и општинската администрација на партнер општините од Проектот. Марина Јандревска е член на Local Public Sector Alliance (LPSA), глобална професионална мрежа на експерти кои споделуваат знаења во областа на децентрализацијата и локалниот развој низ целиот свет.
Игор Митевски е дипломиран економист по финансиски менаџмент и истражувач во Центарот за економски анализи (ЦЕА) со повеќе од 12 години искуство во областа на јавните финансии и фискалното управување. Неговата работа опфаќа анализи на буџетскиот процес, фискална транспарентност и отчетност, како и оценка на општинските финансии. Учествувал во проекти поврзани со макроекономија, фискална политика, социјална инклузија и конкурентност, со фокус на анализа на податоци и подготовка на препораки за подобрување на јавните политики.
Последно ажурирано: 27/02/2026













