Центар за економски анализи (ЦЕА), Завршен настан за проектот за Даночна одговорност, 15 Декември 2021

ТЕМА: Даночното однесување за подобра даночна одговорност

Центарот за економски анализи (ЦЕА) – Скопје на завршниот проектен настан на тема „Даночното однесување за подобра даночна одговорност“, ги презентираше  резултатите и предлози за подобрена даночна одговорност од проектот за Даночна одговорност, финансиски поддржан од ЕУ, преку програмата ЕИДХР.

Програмата се состоеше од неколку сесии на кои се презентираа, дискутира предизвиците на локалната самоуправа во прибирањето на локалните даноци, меѓународните искуства со интервенции во даночното однесување и даночниот морал, ефектите од пилот-искуствата за влијание врз даночното однесување во Северна Македонија на локално ниво како и вклученоста на граѓаните како фактор за даночниот морал.

Настанот е дел од Проектот за даночна одговорност – Кон граѓанска одговорност и одговорни даноци, кофинансиран од ЕУ, имплементиран од ЦЕА. Проектот имаше за цел да придонесе за унапредување на даночната одговорност и на граѓаните и на властите во Северна Македонија.

Агендата и достапните презентации кои беа претставени преземете ги од линковите подолу

Целиот настан може да го погледнете овде https://fb.watch/9WMwu3tuJn/

 

Отварање и излагање на настанот имаа

  • НИКОЛОВ Марјан, Претседател на ЦЕА
  • JANMAAT Freek, Head Operations I (економски развој, владеење на право, јавна администрација), ДЕУ Скопје
  • ТРАЈКОВСКИ Горан, Градоначалник на Делчево

 

Сесија 2: Предизвиците во прибирањето на локалните даноци:

  • ГАРВАНЛИЕВА АНДОНОВА Весна, Проектен координатор и Економист, ЦЕА КАРАКАШОВСКИ Љупчо, Општина Пехчево
  • ТАСЕВ Емил, Општина Делчево
  • ЈОСИФОВСКА Оливера, Општина Гостивар

 

Сесија 3:  Даночен морал и даночно однесување и меѓународни искуства

  • НИКОЛОВ Марјан, Претседател на ЦЕА
  • KARVER Jonathan  Аналитичар на истражувања, и LUCCHETTI Leonardo, Економист Светска Банка (презентација линк)
  • MADZAREVIC-SUJSTER Sanja, Виш Економист Светска Банка (презентација линк)
  • ГЛИГОРОВ Зоран, помошник раководител на сектор за јавни приходи и даноци и царински политики, Министерство за финансии (презентација линк)
  • ПЕТРОВА Елена, Раководител на Сектор за наплата и управување со долгови, УЈП  (презентација линк)

 

Сесија 4: Доброволно плаќање на даноците и вклученост на граѓаните во носење на одлуки

  • Модератор и презентер: ДИМОВСКА Габриела и ПЕТРОВСКА Ана Марија, Економист, ЦЕА (презентација линк)
  • КАРАКАШОВСКИ Љупчо, Општина Пехчево
  • СТОЈМЕНОВСКИ Тони, Општина Делчево
  • АНГЕЛОВСКА Валентина, Општина Крива Паланка
  • NEZIRI Mersel, Општина Гостивар

 

Сесија 5: Експериментални методи за поттикнување на даночен морал и однесување на даночните обврзници: искуства

  • Модератор на сесија: ПЕТРОВСКА Ана Марија, Економист, ЦЕА
  • Искуства со однесувањето на даночните обврзници: данок на имот во Северна Македонија, ГАРВАНЛИЕВА АНДОНОВА Весна, Економист, ЦЕА (презентација линк)
  • Искуствата со влијание врз однесувањето на индивидуите и фирмите, во Албанија, Косово и Полска, KARVER Jonathan  Аналитичар на истражувања, и LUCCHETTI Leonardo, Економист, Светска Банка (презентација линк)