Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во партнерство со Центарот за економски анализи (ЦЕА) го спроведоа проектот Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази во Македонија, финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија.

Со проектот ќе се придонесе кон унапредување на доброто владеење преку вмрежување и градење на капацитети на граѓанските организации за следење и анализа на спроведувањето на ПВР. Дополнително ќе се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку вмрежување, инклузивни консултации и обуки.

Финални корисници на проектот се граѓаните на Р. Македонија. Доброто спроведување на ПВР ќе придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на граѓаните, зголемено ниво на законска сигурност, подобро финансиско планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси. Проектот посветува особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското општество и државните институции.

Проектот е со времетраење од 36 месеци , почнувајќи од јануари 2017 до декември 2019 година.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 322.099 евра финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од ЕУР 298.889.

 

.Соопштенија:
Повик за услуги – изработка на веб-апликација
Повик за 3 експерти
Повик за изработка на анимирано видео
Одлука за избор на регрантисти
Јавна реакција околу неподготвувањето на ПВР за Законот за употреба на јазиците
Повик за доделување мали грантови на граѓански организации за спроведување на проекти за истражување и мониторинг
Отворен повик за експерт за стратешко планирање
Отворен повик за вклучување во Мрежата за подобра легислатива