Во рамки на проектот „Проценка на влијанието од регулативата во сенка : Промовирање на креирање на политики базирани на докази“ е предвидено спроведување на анализа   за Проценка на неданочни и парафискални трошоци и усогласување со регулативата. Оваа  анализа  има за цел да даде препораки за рационализација на неданочниот и парафискалниот товар на приватниот сектор.

Со проектните активности во периодот јануари 2017 – декември 2019 ќе се анализира како се спроведува процесот на проценка на влијанието од регулативата при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во земјава.

Во таа насока распишуваме  три повици за ангажирање на експерти.

Целосните  повици се достапен на следните линкови:

  1. Повик за ангажирање на Правен експерт
  2. Повик за ангажирање на асистент на правен експерт 
  3. Повик за ангажирање на економист експерт