Повик за консултантски услуги за експерт за планирање на стратегија за развој на мрежа во рамки на проектот „Проценка на влијанието од регулативата во сенка : Промовирање на креирање на политики базирани на докази“ . Со проектните активности во периодот јануари 2017 – декември 2019 ќе се анализира како се спроведува процесот на проценка на влијанието од регулативата при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во земјава.

Мрежата за подобра легислатива составена од 10 здруженија на граѓани ќе се формира преку работилници, состаноци и онлајн сесии со цел да може да го мониторира и истражува спроведувањето на ПВР.

Во таа насока распишуваме повик за ангажирање на експерт за планирање на стратегија за развој на мрежа. Целосниот повик е достапен на следниот линк:

Повик за експерт за стратешко планирање