Резултатите од Анкета за отворен буџет 2025 (Open Budget Survey – OBS 2025) покажуваат дека Северна Македонија се соочува со празнини во трите клучни столба: буџетска транспарентност (39/100), учество на јавноста (9/100) и надзор врз буџетот (57/100).

За да понуди решенија со кои можат да се постигнат видливи подобрувања на краток рок, Центарот за економски анализи (ЦЕА) изработи три посебни пакети за насочено застапување. Овие брифови се фокусираат на изводливи институционални реформи и т.н. „брзи резултати (Quick wins)“ кои носат видливо влијание без значителни структурни измени.

Преземете ги целните пакети со конкретни наоди, симулации за подобрување на резултатите и конкретни препораки за клучните институции:

🏢 1. Пакет за Министерство за финансии (МФ)

Овој документ нуди решенија за трите клучни празнини: доцнењето на подготовката и објавувањето на Фискалната стратегија, не подготвувањето на Граѓански буџет и потребата од Полугодишен извештај според OBS стандардите.

🔍 2. Пакет за Државниот завод за ревизија (ДЗР)

Документот се фокусира на зајакнување на фискалната отчетност преку подобрување на сеопфатноста на ревизорските извештаи, воведување јавни матрици/контролни табли за следење на препораките од страна на извршната власт и иницирање на надворешна рецензија.

🏛️ 3. Пакет за Собранието на РСМ

Овој бриф нуди практични чекори за Комисијата за финансирање и буџет за унапредување на оценката за учество на јавноста, преку организирање јавни расправи, писмени поднесоци од граѓанското општество и зајакнување на надзорната улога во текот на целиот буџетски циклус.