Отворениот Повик за услуги – изработка на веб-апликација е во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази” – проект финансиран од Европската Унија имплементиран од Институт за демократија “Социетас Цивилис” – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центар за економски анализи (ЦЕА) во периодот јануари 2017 – декември 2019.

Испораки

1 (една) веб-апликација со три дела:

Дел 1 – Почетна страница со опис за проектот и целта на ресурсниот центар (информации доставени од проектниот тим);

Дел 2 – Табеларен приказ со можност за пребарување, користење на филтер и pop-up јазичиња (врз основа на .csv file доставен од проектниот тим);

Дел 3 – Страница со описи и линкови до надворешни ресурси (информации доставени од проектниот тим).

Забелешка: Веб-апликацијата треба да има и функционалност на периодично проверување на скршени линкови до документите кои што се хостирани кај трети страни. Известувања за скршените линкови треба да се испраќаат до администраторот на веб-апликацијата. Поради ваквото сценарио системот треба да има функционалност и за директно аплоудирање на фајлови како pdf., дата сетови, слики итн.

Временска рамка

Испорака на услугите ќе се случува во временската рамка: од 15 септември до 15 ноември 2019г.

Достава на апликација

Апликацијата треба да биде испратена во електронска форма на contact@idscs.org.mk со наслов: Апликација изработка на веб-апликација, не подоцна од 05 септември (четврток) 2019 (23:59ч.) 2019г. ИДСЦС ќе го извести избраниот апликант не подоцна од 15ти септември 2019г. Апликациите пратени по крајниот рок нема да бидат земени предвид. За сите дополнителни информации и/или прашања ве молиме напишете електронска порака на pankovski@idscs.org.mk.

Целиот повик можете да го преземете на следниот линк.