Институтот за демократија „Социетас цивилис“ (ИДСЦС) во соработка со Центарот за економски анализи (ЦЕА) го спроведуваат проектот Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази во Македонија, финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија.
Со проектот ќе се придонесе кон унапредување на доброто владеење преку вмрежување и градење на капацитети на граѓанските организации за следење и анализа на спроведувањето на ПВР. Дополнително ќе се зголеми можноста за активно вклучување на граѓанските организации во ПВР процесот и во реформите на јавните политики преку вмрежување, инклузивни консултации и обуки.
Финални корисници на проектот се граѓаните на Р. Македонија. Доброто спроведување на ПВР ќе придонесе кон повисок квалитет на легислативата, зголемена вклученост на граѓаните, зголемено ниво на законска сигурност, подобро финансиско планирање и зголемена транспарентност на политичките процеси. Проектот посветува особено внимание кон создавање на врски помеѓу актерите од граѓанското општество и државните институции.
Проектот е со времетраење од 36 месеци , почнувајќи од јануари 2017 до декември 2019 година.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 322.099 евра финансиски поддржан од Делегацијата на Европската Унија со удел од ЕУР 298.889.
Соопштенија:
Повик за услуги – изработка на веб-апликација
Повик за 3 експерти
Повик за изработка на анимирано видео
Одлука за избор на регрантисти
Јавна реакција околу неподготвувањето на ПВР за Законот за употреба на јазиците
Повик за доделување мали грантови на граѓански организации за спроведување на проекти за истражување и мониторинг
Отворен повик за експерт за стратешко планирање
Отворен повик за вклучување во Мрежата за подобра легислатива
Реакција за измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа и Законот за Влада
Настани:
Продолжува студиската посета за ПВР во Словенија
Студиска посета за Проценка на влијанието на регулативата во Љубљана, Словенија
Прва конференција од проектот „ПВР во сенка” Соопштение за јавност
ПВР во сенка: Обука за социо-економско истражување и примена на кост бенефит анализа во процесот на ПВР
Завршна конференција: Проценка на влијание на регулативата – Суштина или формалност?
Документи за јавни политики:
ПВР во сенка: Два документи за јавни политики, како да се подобри ПВР во Македонија
„ПВР во сенка“: Формуларите за ПВР не ја постигнуваат целта, треба да се пресметуваат и трошоците на трудот на администрацијата и сите засегнати во ПВР процесите
Истражувања/анализи:
Анкета: Проценката на влијание на регулативата останува непознат инструмент за јавноста
Анкета за перцепциите на граѓаните за процесот на проценка на влијание на регулативата во 2018
Како министерствата спроведуваа ПВР во 2017?
Како се планираат ПВР процесите и како се спроведуваат консултациите со засегнатите страни
Визуелни материјали:
Видео: Како се прават добри закони?
.