ЦЕА започна со спроведување на едногодишен проект поддржан од Open Society Foundations со цел Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан 

ПОЗАДИНА

Признавајќи ја ситуацијата со земјите од Балканот и почитувајќи го недостатокот од интерес на ЕУ за проширување, Претседателот на Србија Александар Вучиќ, Премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и Премиерот на Албанија Еди Рама одлучија во октомври 2019 година да „ја земат судбниата во свои раце“ и ја лансираа идејата за воспоставување на „мини Шенген“. Во јули 2019 година оваа идеја еволвира во регионална иницијатива Отворен Балкан[1]”. Иницијативата не е супститут на ЕУ туку е патека за забрзување на членството во ЕУ и искористување на постоечките но и недоволни потенцијали на овие земји што може да овозможи дополнителен економски раст и развој и конечно, благосостојба на граѓаните.

ПРЕДИЗВИЦИ ЗА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИМПУЛСОТ

Развивањето и култивирањето на добрососедски односи во Западен Балкан во очекување на економски просперитет ќе бара елиминирање на  контрола на границите и другите бариери за да се овозможи непречено движење на луѓе, добра и услуги и капитал во регионот. Анализата на регионалните разлики (на пример, приморскио наспроти внатрешни региони, NUTS 2 и NUTS 3 региони, урбани наспроти рурални, главни градови наспроти другите градови) во земјите од Отворен Балкан може да даде одговор за приоритетите за побрз раст и внатрешна конвергенција во регионот на Отворен Балкан. Во моментот недостасуваат соодветно елаборирани анализи за оценка на сите овие предизвици.

АКТИВНОСТ НА ПРОЕКТОТ

Независна група на експерти од сите 6 земји од Отворен Балкан ги дијагностицираат и истражуваат тесните грла за соработка и координација помеѓу овие земји. Ова додава вредност на веќе демонстрирана политичка воља од 3 земји на Отворен Бакан како иницијатива за поструктуирана и посистематска патека и адресирање на приоритеите на таа патека за развој на оваа регионална иницијатива.

[1] Под Отворен Балкан овде ќе дефинираме територијален порстор од 6 земји: Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Косово, Албанија.

Производи и активностите на Проектот:

Брзи анализи:

1) ОТВОРЕН БАЛКАН, БЕРЛИНСКИОТ ПРОЦЕС И ПРАВОТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА (ACQUIS)Брза анализа за оценката и насочувањето на потенцијалите на иницијативата Отворен Балкан

2) ЕКОНОМСКИТЕ ЕФЕКТИ ОД ИНИЦИЈАТИВАТА ОТВОРЕН БАЛКАН: Брза анализа на оценката и насочувањето на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан

Студии: регионални и за земјите

1) мк: СКРИНИНГ НА ИНИЦИЈАТИВАТА „ОТВОРЕН БАЛКАН“ – АНАЛИЗИ НА ЗЕМЈИТЕ

 ср: СКРИНИНГ ИНИЦИЈАТИВЕ „ОТВОРЕНИ БАЛКАН“ – АНАЛИЗЕ ЗЕМАЉА

alb: –