Центарот за економски анализи – ЦЕА заедно со ЦККО Светла Иднина, ЗРРЗ Сумнал и АДРР Сонце го спроведуваат проектот Вработување на млади Роми финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за развој на човечки ресурси.

Целта на проектот е олеснување на вклученоста на младите Роми кои живеаат во општините со поголем број на ромско население.

Проектот го поддржува социјалното вклучување на младите невработени Роми преку зголемување на вештините за вработување, тренинг и поддршка за подобро искористување на програмите и средствата за вработување при што би се придонело кон економски и социјален развој на Скопје, Кочани Тетово и Битола, како општини со значајно ромско население.

Времетраењето на проектот е 12 месеци, почнувајќи од Декември 2016 до Декември 2017 година.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 158.297 евра.

Соопштенија:
Соопштение за јавност
Оглас – Работодавачи, Вработување на млади Роми
Одржани обуки за вработливост од проектот Вработување на младите Роми
Оглас за практиканство во склоп на здруженија на граѓани ЦЕА Скопје, Сонце Тетово, Светла Иднина Кочани, Сумнал Битола
Првата група на млади Роми ја започнаа праксата во рамки на граѓанските организации
Втора Група на Практиканти во Рамките на Работниот клуб во ЦЕА
Барање за доставување на понуди за краткорочна експертиза

Кариера:
Повик за бесплатни обуки за млади невработени Роми
Повик за ангажирање на локални тренери/ментори за невработени во работни клубови
Оглас за практично учење за младите Роми во рамки на Центарот за Економски Анализи (ЦЕА) Скопје
Оглас – Практиканти во бизнис сектор, Вработување на млади Роми

Настан:
Завршен настан од проект за унапредување на вработливоста и можностите за вработување на младите Роми

Истражувања:
Истражување на пазарот на труд ПРОФИЛ НА МЛАДИ НЕВРАБОТЕНИ РОМИ ОД СКОПЈЕ, БИТОЛА, КОЧАНИ И ТЕТОВО
Карактеристики на побарувачка на работна сила – мали и микро претпријатија Фокус на општини со значителен број на невработено ромско население
Преглед и анализа на националните и локалните политики и иницијативи релевантни за социјално вклучување (инклузија) на Ромите преку пазар на труд
ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ ОД ПУШЕЊЕТО КАЈ МЛАДИТЕ РОМИ ОД СКОПЈЕ

Документ за јавни политики:
Стратешки водич за ефективни стратегии за креирање на работни места вработување и партиципација