Центарот за економски анализи (ЦЕА) во партнерство со Сумнал, Светла Иднина и Сонце во рамките на проектот “Вработување на млади Роми” финансиран од Европската унија, организира серија на бесплатни обуки со цел зголемување на капацитетите на младите Роми за поголема вработливост.

Обуките се наменети за сите невработени Роми од 18-35 години,

По завршувањето на обуките, младите лица ќе имаат можност за платена практикантска работа во некоја од канцелариите на партнерските организации, или пак во компанија, со цел зголемување на своите работни вештини и полесен пристап на пазарот на труд..

Доколку сте заинтересирани за бесплатните обуки, погледнете го целосниот повик на линкот подолy за подетални информации, и преземете ја пријавата за обука.

Повик за учество на обуки

Пријава за обука

Повикот за практикантска работа за сите заинтересирани ќе биде објавен во текот на месец мај 2017