ЦЕА подолг период го следи степенот на фискална транспаретност на општините во Македонија, преку Индексот на буџетска транспарентност.
Методолошки аспект: индексот транспаретност на ЕЛС е креиран врз основа на достапноста на буџетски документи и документи кои се поврзани со процесот на донесување на буџетот во ЕЛС согласно законската регулатива и буџетскиот календар за нивно
објавување, и тоа на: Статут на општината, Предлог Буџетот за тековната/идната година, Усвоен Буџет за тековната година, Квартални извештаи за извршување на буџетот, Завршна сметка на буџетот, Годишен извештај, Граѓански буџет и Извештај од спроведена државна ревизија.
ШТО Е БУЏЕТСКА ТРАНСПАРЕНТНОСТ?
Отвореност кон јавноста за структурата и функцијата на локалната/централната власт, намерите во фискалните политики, сметките на јавниот сектор и фискалните проекции
ЗОШТО?
- Буџетите се најмоќен инструмент за да се задоволат потребите и приоритетите на нејзините граѓани.
- Транспарентноста на буџетот е предуслов за учество на граѓаните во донесувањето на одлуките за трошење на јавните
пари и отчетноста на власта.
На следните линкови објавите од претходните години за Индексот:
- Индекс на буџетска и даночна транспарентност на ЕЛС за 2021/2022
Индекс 2021/2022
Извештај од ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ КАЈ ОПШТИНИТЕ: Буџетска и даночна транспарентност.
- Индекс на буџетска транспарентност на ЕЛС за 2020/2021
- Индекс на буџетска транспарентност на ЕЛС 2019/2020
- Индекс на буџетска транспарентност на ЕЛС 2017/2018
- Индекс на буџетска транспарентност на ЕЛС 2016/2017
- Индекс на буџетска транспарентност на ЕЛС 2014/2015
Што е даночна транспарентност?
Фискалната транспарентност во јавните финансии е главен елемент на доброто владино управување и претставува широк сеопфатен концепт. Фискалната транспарентност вклучува сеопфатност, јасност, сигурност, навременост и релевантност на финансиските извештаи за мината, сегашна и идна состојба на јавните финансии, и е од клучно значење за ефективно фискално управување и отчетност. (Кодекс на фискална транспортниот, ММФ)
Буџетската транспарентност е потесен концепт, но е дел од фискалната транспарентност кој се фокусира на буџетските извештаи и документи во рамките на буџетскиот циклус. Се потпира на три меѓусебно поврзани столбови: 1) транспарентност, 2) учество и 3) надзор.
Даночната транспарентност или достапноста на информациите поврзани со процесот на оданочување, прибирање на локалните даноци и трошење на даноците и е дел од фискалната транспарентност и отчетност на локалните самоуправи. Даночната транспарентност е процес со кој се обезбедуваат квантитативни и квалитативни податоци што му се потребни на општеството за да осигурa дека даночниот систем функционира во корист на даночната власт, Владата, законодавците, оние што ги избрале, оние што плаќаат даноци и сите други чинители на даночниот систем (Глобална иницијатива за фискална транспарентност, GIFT).
- ЦЕА Извештај за даночната транспарентност на општините во РСМ 2021: Даночна транспарентност на општините
- ЦЕА Бриф: Достапност на податоци и информации за локалните даноци