Индекс на буџетска транспарентност 2019-2020

Недостатокот или половичните информации за трошењето на јавните средства од страна на единиците на локална самоуправа во Македонија е “кочница” за постоење на отчетност во едно демократско општество. Ниската свест од потребата за поголема транспарентност на трошењето на јавните средства допринесува до неефикасна алокација на средствата што пак е во интерес на граѓаните и задоволување на нивните потреби.

Фискалната транспарентност на општините во РСМ генерално е подобрена во фискалната 2019-2020 година во однос на изминатите фискални години (2014-2015, 2016-2017, 2017-2018). Според индексот на буџетска транспарентност, во фискалната 2019-2020 година, за прв пат две општини ги постигнаа максималните индексни поени.

Следена е достапноста на буџетски документи и документи кои се поврзани со транспарентноста за процесот на донесување на буџетот во ЕЛС согласно законската регулатива и буџетскиот календар за нивно објавување:

  1. Статут на општината,
  2. Предлог Буџет за 2020,
  3. Усвоен Буџет за 2020,
  4. Квартални извештаи за извршување на буџетот на ЕЛС за 2019 (прв, втор, трет и четврт квартал),
  5. Завршна сметка на ЕЛС за 2019,
  6. Годишен извештај за извршување на буџетот за 2019,
  7. Граѓански буџет за било која година и
  8. Извештај од државна ревизија на ЕЛС (ДЗР) за некоја од последните 5 години (2014-2019).

Достапноста на документите за периодот 2019-2020 година беше следена преку:
➢ интернет-веб страниците на општините (2 индексни поени);
➢ Службен Гласник на веб страницата на општината (1 индексен поен);
➢ преку Барање за пристап на информации од јавен карактер (1 индексен поен).

Видете повеќе во документот за јавни политики .