Проектот Фискална одговорност: Промовирање одржливост и транспарентност на јавниот долг го спроведува Центарот за економски анализи а е финансиски поддржан од Аналитика Гостивар како дел од проектот Граѓанските организации како еднакви партнери во мониторирањето на јавните финансии, финансиран од Европската Унија.

Проектот има за цел да ја подобри фискалната одговорност преку промовирање и застапување за подобар одржлив и транспарентен јавен долг во Македонија.

Таргет група: Министерство за финансии на РМ, Влада на РМ, Парламент на РМ, ГО и граѓани.

Проектот е со времетраење од 6 месеци, почнувајќи од Декември 2018 до Мај 2019 година.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 6.107,68 евра, со контрибуција на ЦЕА во висина од 10,54%.

Истражување:

Политичка економија на јавниот долг и одржливост на јавниот долг: Случајот на Македонија

Мислење и ставови:

Состојбата и одржливоста на јавниот долг на РСМ

Документ за јавни политики:

Бриф за политики за одржливост на јавниот долг
Бриф за политики за транспарентност на јавниот долг

Визуелни материјали:

Инфографик 1 – Што придонесува кон висок и неодржлив јавен долг?
Инфографик 2 – Колкав раст на економијата е потребен за да го намалиме јавниот долг?
Инфографик 3 – За што се трошеа буџетските средства?

Настани:

Работна средба со новинари