ЦЕА организираше неформален работен појадок со новинари и претставници од граѓанскиот сектор на тема: Одржливоста на јавниот долг на РСМ.

Јавниот долг во апсолутна вредност се зголемува и според последните достапни податоци за вториот квартал од 2019г. изнесува 5,3 милијарди ЕУР односно 46,7% од БДП (БДП е проекција за 2019).

Македонија спаѓа во категоријата на земји со пристап до пазарите на капитал и кои според ММФ, овие земји кои спаѓаат во оваа категорија не е препорачливо да го поминат прагот на 50% јавен долг од БДП и 10% од БДП на бруто потреби за финансирање на долгот.

Тековната фискална стратегија (2020-2022) предвидува и планира понатамошно зголемување на јавниот долг до 52,2% од БДП во 2020 година, и потоа намалување на 50,8% од БДП во 2021 година и 49,1% од БДП во 2022 година. Сепак треба да се има и предвид и искуството од минатото за степенот на почитување на сопствените фискални правила на владите на РСМ т.е. за нарушената фискална дисциплина на системот на јавни финансии во РСМ.

Според пресметките на ЦЕА, базирани врз алатката на ММФ за одржлив долг, за да се стабилизира јавниот долг, примарниот дефицит (debt-stabilizing primary balance) не треба да биде повисок од 0,8%. Со вакво ниво би го стабилизирале нивото на јавен долг меѓутоа за негово намалување потребни се и други мерки и политики.

Граѓанските организации истакнаа дека потребно е да се направат подинамични политики за намалување на јавниот долг како што се: донесување на предвидениот нов закон за буџетите кој би дал поунапредена рамка на системот на јавни финансии и дополнително рационализирањето на јавните расходи како што се субвенциите и другите трансфери. Зголемениот јавен долг во услови на ограничен фискален простор бара прилагодување и на приходната и на расходната страна со комбинирани политики за која е потребен политички консензус

ЦЕА Мислење: Состојбата и одржливоста на јавниот долг на РСМ