Проектот Општествена интеракција и економско зајакнување на младите го спроведуваат Локалната Акциона Група Преспа од Ресен во партнерство со Центарот за економски анализи од Скопје. Овој проект се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП)
Проектот има за цел, преку предвидените активности да придонесе кон социјално и економско зајакнување на младите и поттикнување на младинското волонтерство прку отворање на Клуб на млади.
Целна група: млади лица во образовен процес од општина Ресен
Проектот е со времетраење од 7 месеци почнувајќи од Јануари 2019 до Јули 2019 година.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 860.544 МКД.
Настан:
Отворен Клуб за млади во Ресен
Кариера:
Биди Волонтер во Клуб за млади во Ресен
Обука за развој на меки вештини и вештини за барање работа
Обука за развој на мал бизнис и изработка на бизнис план
Обука за развој на дигитални вештини за маркетинг на социјални мрежи
Истражувања:
Мапирање на потребите и интересите на младите во образовниот процес од општина Ресен
Визуелни материјали:
Инфографик 1
Инфографик 2
Facebook fan page: https://www.facebook.com/YouthClubResen/