Како дел од проектот Општествена интеракција и економско зајакнување на младите кој го спроведува Локалната Акциона Група Преспа од Ресен во партнерство со Центарот за економски анализи од Скопје, официјално е отворен Клуб за млади во Ресен.

Отворањето на Клубот за млади во Ресен го поддржа и СОУ Цар Самоил каде ја отстапија старата спортска сала за реконтруирање и целосно опремување на просторот. Клубот за млади нуди разни содржини за младите како едукативни и забавни.

Овој проект се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан – ReLOaD која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).