ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ КАЈ ОПШТИНИТЕ: Буџетска и даночна транспарентност 2025/2026

Подобрувањето на фискалната транспарентност на локално ниво останува еден од клучните столбови за добро управување, одговорност пред граѓаните и поефикасна алокација на општинските ресурси.

Центарот за економски анализи (ЦЕА) го објавува истражувањето за оценка на буџетската и даночната транспарентност на општините во Северна Македонија за периодот 2025/2026 година.

Клучни опфатени аспекти:

  • Достапност на буџетски документи: Анализа на достапност и навремената објава на клучните буџетски документи како општинските буџети, завршните сметки и кварталните извештаи.
  • Даночна транспарентност: Ниво на информираност на граѓаните за локалните даноци, наплата и распределба на средствата.
  • Учество на јавноста: Механизми за вклучување на граѓанското општество и локалната заедница во буџетските процеси.

Истражувањето нуди препораки за општинските администрации со цел зајакнување на фискалниот интегритет и зголемување на довербата кај даночните обврзници.

Целосниот извештај и деталните резултати по општини можете да ги преземете тука: ФИСКАЛНА ТРАНСПАРЕНТНОСТ КАЈ ОПШТИНИТЕ: Буџетска и даночна транспарентност 2025/2026

Краток осврт за резултатите од мерењето тука:  Општините со унапредена буџетска транспарентност: Објавени повеќе документи, но без одржлива пракса

 

Даночна транспарентност на ЕЛС 2025-2026

Интензитетот на даночната транспарентност кај општините во 2025/2026 година покажува значително подобрување, но и понатаму постои простор за унапредување, особено во однос на редовноста, целосноста и достапноста на информациите и документите поврзани со локалните даноци.

Транспарентност ЕЛС во РСМ низ годините – види ТУКА 

Видете ги засебните инфографицици по општини во региони за 2025/2026 година подолу:

ЕЛС во Источен плански регион

ЕЛС во Југоисточен плански регион

ЕЛС во Југозападен плански регион 

ЕЛС во Пелагониски плански регион 

ЕЛС во Полошки плански регион 

ЕЛС во Североисточен плански регион

ЕЛС во Скопски плански регион и во Град Скопје

ЕЛС во Вардарски плански регион