Brain-storming размислувања за иднината на Македонија

Што може Северна Македонија на направи?

Кои можат да бидат контурите на New World?

И повеќе…

„После финансиско-економската криза од 2007 година човештвото имаше можност да го заузди animal spirits ( Адам Смит) на глобалниот минотаур (Јанис Варуфакис) т.е. интерконтиненталните бизнис интереси на војно-индустрискиот комплекс (Двајт Ајзенхауер) подржан од банкарскиот сектор забревтан во казино капитализмот (Џ.М.Кејнс и Сузан Стрејнџ). Но, наместо очекуваните структурни реформи и прелевање на парите произведени во кујната на квантитативното олеснување (убава интелектуална изрека за печатење на пари) кон оние на кои тоа им е најпотребно-луѓето (најранливите), таа свежо креирана ликвидност беше споделена помеѓу оние кои и доведоа до таа финансиско-економска криза од 2007 година.

Оттука незараснатите раседи на тектонска конфликтност сега зајакнати со ризиците од COVID-19 (независно од контроверзноста за тоа дали е вештачки креиран за претерана глобална реакција на глобалните актери за задоволување на нивните интереси) доведуваат до раѓање на некоја нова глобална пост-глобализациска парадигма која ќе биде суштинска спротивност на глобализацијата, која ќе ги всидри државите кон преиспитување, интроспекција и зајакнување на нивните национални интереси (веќе најавено преку реториката, одлуките, политиките на Претседателот Доналд Трамп).“

Целосната колумна објавена во дневниот весник Независен Весник:

Brain-storming размислувања за иднината на Македонија | Независен Весник)