ЦЕА го подготви и вториот квартален извештај од следењето на работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата – КЗК, за периодот од април до јуни 2020.

Извештајот за вториот квартал покажува дека нема значајно поместување во опсегот на работата на КЗК во изминатиот квартал:

  • Нема зголемување на обемот/бројот на решенија во делот на заштитата на конкуренцијата. Во вториот квартал нема донесено решенија ниту за забранети договори ниту за злоупотреба на доминантната позиција.
  • Во вториот квартал доставени се 10 и одобрени се сите 10 барања за државна помош
  • И понатаму податоците и информациите за државна помош во Северна Македонија не се доволно транспарентни. 
  • Поднесените известувања и одобрените решенијата за државна помош за справување со економските последици од Ковид-19 не се достапни. 
  • Недостатокот на човечки ресурси и капацитети во КЗК и понатаму предизвик за портфолиото на институцијата. 
  • Функционалноста и навременото ажурирање на веб-страницата на КЗК е неопходно за унапредување на транспарентноста 

Погледнете детално: Мониторинг извештај за квартал #2

За визуелни прикази од Следењењето на работата на КЗК во првата половина на 2020 кликлнете на следните прикази:  

 

Проектот финансиски е поддржан од Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија, преку програмата за поддршка на ГОи и медиуми за ЕУ Интеграција, и е планирано да трае дванаесет месеци во текот на целата 2020 година.