Проектот Зголемување на вработливоста и подобрување на еконмската состојба на жените во општеството го спроведуваат Организацијата на жени Визија од Кавадарци во партнерство со Центарот за економски анализи од Скопје.

Овој проект е финансиран од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) спроведувана од Општина Кавадарци во партнерство со Програмата за развој на обединитетите нации – УНДП.

Севкупната цел на проектот е преку предвидените активности  да придонесе кон економско зајакнување и подобрување на економската состојба на невработените жени со фокус на самохраните мајки и жени од руралните средини на територијата на о. Кавадарци.

Конкретната цел е да се зголемат практичните вештини и разбирањето на можностите за вработување и самовработување во согласност со барањата на пазарот на трудот во општина Кавадарци и да се развијат и спроведуваат прилагодени програми за обука од областа на текстилната индустрија и занаетчиството.

Проектот може да придонесе за остварување на севкупната цел преку користење на различни методи како што се:

1. Профилирање на понудата и побарувачката на работна сила во општина Кавадари преку прибирање на примарни податоци од теренско истражување – директна комуникација со невработените жени и компаниите од текстилната индустрија и идентификување на степенот на нивните потреби и карактеристики за олеснување на пристапот за инклузивно меѓусебно вмрежување.

2. Користење на методот на практично учење и обучување на невработените жени поради усвојување на определени знаења и искуства во текстилната индустрија и занаетчиството – подобрување на практичните вештините и подготовка на невработените жени за вклучување на пазарот на труд преку самовработување и вработување.

3. Користење на методот Know – How  за пренесување на знаење и искуство за развој на сопствен бизнис и барање работа со симулација на интеврју за работа итн.

Проектот е во времетраење од 7 месеци од август 2019 до февруари 2020 година.