Проектот Зголемување на вработливоста и подобрување на еконoмската состојба на жените во општеството го спроведуваат Организацијата на жени Визија од Кавадарци во партнерство со Центарот за економски анализи од Скопје.

Овој проект е финансиран од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD) спроведувана од Општина Кавадарци во партнерство со Програмата за развој на обединитетите нации – УНДП.

Севкупната цел на проектот е преку предвидените активности  да придонесе кон економско зајакнување и подобрување на економската состојба на невработените жени со фокус на самохраните мајки и жени од руралните средини на територијата на о. Кавадарци.

Целна група: Невработени жени од општина Кавадарци

Проектот е во времетраење од 7 месеци од Август 2019 до Февруари 2020 година.

Вкупниот буџет на проектот изнесува 614.755 МКД.

Кариера:
1.Јавен повик до невработени жени од општина Кавадарци
2. Јавен повик до невработени жени од општина Кавадарци


1.Работилница за шиење и изработка на текстилни продукти
2. Работилница за плетење и креирање продукти од волна
3. Работилница за плетење на кошници

Истражувања:

Анализа на побарувачката и понудата на женска работна сила во општина Кавадарци

Вондредни активности за поддршка со справување со кризата и пандемијата предизвикана од КОВИД-19

Успешни приказни за невработени жени од Кавадарци