На 18 мај 2021 година, Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) официјално ја претстави Програмата за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во Северна Македонија. Програмата ќе соработува со Владата на Северна Македонија и локалните самоуправи за мерливо зголемување на општинските приходи од сопствени извори, надворешни средства и стапките на извршување на буџетот во согласност со условите за буџетирање и известување на Владата на Северна Македонија.

Градоначалниците од првата група партнер-општини виртуелно потпишаа Меморандум за соработка со што се заложија за подобрување на квалитетот на даночните системи, зајакнување на оперативниот капацитет на даночната администрација и подобрување на способноста на локалните самоуправи за планирање, управување и спроведување на приходите од јавниот сектор. Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите е петгодишен проект (2021- 2026) со буџет од 6,5 милиони американски долари, планиран да им помогне на владините институции во Северна Македонија да соберат и самостојно да управуваат со ресурсите потребни за финансирање на услугите што ги бараат нејзините граѓани.

Преку Проектот за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, УСАИД ќе работи со Владата на Северна Македонија, фокусирајќи се на четири главни цели: 1) подобрување на квалитетот на општинските системи за собирање даноци и такси; 2) зголемување на капацитетот на општината за пристап до надворешни ресурси од централната власт, меѓународните фондови, пазарите на капитал и банките; 3) подобрување на општинските способности за планирање, управување и спроведување на приходите на јавниот сектор во согласност со прописите; и 4) подобрување на процесот на децентрализација.

ЦЕА е една од партнер организациите во спроведување на проектот водено од Кардно Емергинг Маркетс САД, Лтд и партнерите: Центар за развојни политики ИДЕАС ДеПо Скопје, Друштво за услуги “Консалтинг за стратешки развој” доо Скопје, и Millenium Partners Consulting, LLC.

ЦЕА ќе работи со општините за подобрување на квалитетот на општинските системи за собирање даноци и такси и подобрување на општинските способности за планирање, управување и спроведување на приходите на јавниот сектор во согласност со прописите.