Тимот на експерти, водени од ЦЕА во рамките на Проектот Оценка и насочување на потенцијалите на Иницијативата Отворен Балкан подготви студија за економските проценки на иницијативите Отворен Балкан наспроту Берлинскиот процес за земјите од Западен Балкан.

Целта на ЗАДАЧАТА 4 е да се истражат економските придобивки/загуби од тоа да се биде/не се биде дел од иницијативата ОБ за земјите во ЗБ, поединечно и како група (регион) со целосна и делумна интеграција, наспроти Берлинскиот процес, преку призмата на долгорочни проекции на клучните макроекономски показатели.

Деталите во однос на претпоставките поврзани со сценаријата и резултатите се прикажани во овој документ. Квантифицирани, анализирани и прикажани се резултатите за три сценарија:

  1. Само три земји (Албанија, Северна Македонија и Србија) се дел од иницијативата ОБ;
  2. Сите шест земји од ЗБ стануваат членки на ОБ;
  3. Иницијативата ОБ е претопена во Берлински процес.

Целосната анализа:

МК: ЕКОНОМСКИ ПРОЕКЦИИ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: ОТВОРЕН БАЛКАН И БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС

ENG: WESTERN BALKAN ECONOMIC FORECASTS: OPEN BALKAN AND BERLIN PROCESS

СРБ: ЕКОНОМСКЕ ПРОЈЕКЦИЈЕ ЗА ЗАПАДНИ БАЛКАН: ОТВОРЕНИ БАЛКАН И БЕРЛИНСКИ ПРОЦЕС

ALB: PROJEKSIONE EKONOMIKE PËR BALLKANIN PERËNDIMOR: BALLKANI I HAPUR DHE PROCESI I BERLINIT