Став на Групата ЦИВИТАКС за предложената даночна реформа

Министерството за финансии, објави неколку важни промени во даночниот систем, со намера поголем дел од нив да почнат да се применуваат почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Групата ЦИВИТАКС, основана во 2018 година, како неформална група од граѓански организации и физички лица, се произнесува со следниот генерален став.

ЦЕЛОСНИОТ СТАВ на Групата ЦИВИТАКС  ТУКА

  • НАЈАВЕНИТЕ „ДАНОЧНИ РЕФОРМИ“, СЕ ПОБЛИСКУ ДО ДЕФИНИЦИЈАТА НА АД-ХОК МЕРКИ НАЈВЕРОЈАТНО ПОТТИКНАТИ ОД НУЖНОСТ, НО НЕ И ОД ЖЕЛБА ЗА РЕФОРМИ
  • НЕДОСТАСУВА КОНСУЛТАЦИЈА СО ЦЕЛОСНИ И ИСТОВРЕМЕНО-ДОСТАПНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СИТЕ

ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ТРОШЕЊЕТО НА НАРОДНИТЕ ПАРИ

1. Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Групата ЦИВИТАКС очекуваше демонстрирање резултати во оваа насока.

2. Владата мора да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори. Разните субвенции може да бидат од краткорочен карактер и не смеат да бидат трајна определба бидејќи на тој начин се нарушува ефикасноста на пазарната економија, се преферираат неефикасни пазарни оператори, се дискриминираат оператори кои можат да се соочат со пазарните сили, поради што, на крајот и ефикасните и неефикасните оператори завршуваат неуспешно. Групата ЦИВИТАКС ја повикува Владата недвосмислено да го искаже својот став во однос на субвенционирањата, и особено оние кои зафаќаат големи буџетски средства, пред да премине кон дополнителни даночни зафаќања.

3. Владата мора да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Владата мора да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

Целосен текст: Став на Групата ЦИВИТАКС за предложената даночна реформа