Epi MKD final logo

Најостро ги осудуваме сите насилни методи на решавaње на несогласувањата. Одговорните за вчерашните настани треба веднаш да се идентификуваат и да понесат одговороност. Изразуваме целосна поддршка на парламентарното мнозинство да обезбеди работење на Собранието согласно изразената волја на парламентарните избори и да пристапи кон формирање Влада. Ова е единствен начин кој ќе го отвори патот кон ново демократско владеење во Република Македонија.

Повикуваме на смиреност, но и решителност во борбата за враќање на демократијата и правото во Република Македонија.

Заедничка изјава на Институтот за европска политика – Скопје, Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје и Центарот за економски анализи.