Иницијативата на граѓански организации „Предлог за итни демократски реформи“ сака да укаже на јавноста и политичките партии вклучени во преговори, за клучните мерки кои треба да се земат во предвид при за излез од политичката криза во делот на медиуми, избори и правосудство. Во врска со актуелните настани, а во насока на евентуална разрешница на политичката криза иницијативата низ призма на предлогот за итни реформи бара преземање на итни чекори во повеќе области.

Во делот за јавните финансии ставот на Иницијативата е следен:

Издавањето на Еврообврзницата е нетранспарентно, ја нарушува фискалната дисциплина, води до натамошно влошување на одржливоста на јавните финансии, средствата можат да се користат за задоволување на апетитите на клиентите на владеачката гарнитура. Затоа, еврообврзницата треба да се преиспита низ призма на забелешките од нашиот документ.

Целосната реакција на Иницијативата можете да ја погледнете тука