Во Делчево на 08,06,2023 се одржа завршниот настан во рамки на проектот ,,Генерација Y-Not заедно градиме успех“. Проектот е финансиран од Амбасадата на САД во Скопје, а во реализација на Регионалниот центар за застапување Делчево.

Настанот во форма на состанок МееtUp се организираше со цел на едно место да се соберат лица кои работат во сферата на социјалното претприемништво во регионот, да споделат искуства и добри практики, но и идни можности за заедничка соработка.

ЦЕА на покана на Регионалниот центар за застапување Делчево ги презентираше заклучоците од истражувањето за погранични економски активности со Бугарија.