Центарот за економски анализи- ЦЕА  ексклузивно ги  презентираше резултатите од фискалната транспарентност во Македонија за 2017 година. Резултатите произлегуваат од истражувањето кое ЦЕА го спроведе за реномираната меѓународна иницијатива Open Budget Initiative. Истражувањето се служи со документирани докази и објективни критериуми за евалуација на опсегот за тоа како националните влади во 115 земји ги прават достапни на јавноста осумте клучни буџетски документи и тоа според меѓународни стандарди за буџетска транспарентност. За да бидат „јавно достапни“, документите мора да се достапни на Интернет и во време кое е конзистентно со добрите практики. Дополнително, истражувањето оценува и дали информациите кои се обезбедени во документите се целосни и употребливи.

Истражувањето исто така оценува и дали законодавецот, државниот завод за ревизија и независните фискални совети овозможуваат на јавноста да бидат вклучени низ целиот буџетски процес.
Резимето од резултатите за Македонија и соопштението на ЦЕА може да го најдете на следниот линк
Рангирањето е достапно на следниот линк
Целосното истражување за Македонија е достапно овде
Одговорениот прашалнник е достапен на следниот линк

1 2 4 5