* НОВО * наодите од истражувањето за отворен буџет 2017 покажуваат дека глобалната буџетска транспарентност се намалува за прв пат во една деценија: www.openbudgetsurvey.org

  • Македонија обезбедува во јавноста минимум информации за буџетите
  • Македонија не обезбедува на јавноста можности за вклучување во буџетскиот процес
  • Законодавецеот и државната ревизија обезбедуваат лимитиран надзор над буџетите

Slika 1 OBI

Резимето од извештајот за Македонија е достапно на следниот линк:

Македонија ОБИ 2017

Како што прогресот на глобалната буџетска транспарентност успори за првпат во оваа декада, така Република Македонија е рангирана меѓу земјите со најлоша буџетска транспарентност во светот со што на граѓаните им е ускратена можноста за увид во информации за тоа како се користат јавните пари После ерозијата на фискалната дисциплина и широката злоупотреба на извршната власт до точка кога стилот на владеење на владеачката партија од претходната Влада пред предвремените парламентарни избори од декември 2016 година беше етикетирана како „заробена држава,“ 1 најголемиот независен глобален извештај2 открива како новата Влада на Република Македонија може да ја подобри транспарентноста на брз начин, со мали трошоци и напор.
Скопје, Република Македонија, 30 Јануари 2018 – Многу влади во Светот обезбедуваат се помалку информации за тоа како се генерираат и трошат јавните пари и Република Македонија е позиционирана меѓу најмалку транспарентните, според Отворен Буџет Истражувањето (ОБИ) 2017 на Меѓународното Буџетско Партнерство (МБП).

Целосното соопштение на ЦЕА во врска со Изтражувањето за отворени буџети е достапно на следниот линк