ЦЕА го подготви и четвртиот(#4) квартален извештај и кумулативниот годишен извештај од следењето на работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата – КЗК, за  2020.

    Извештајот ги идентификува следните клучни наоди за прашања се опфатени со Поглавјето 8 од процесот на преговори со Европската Унија – клучни за функционирањето на пазарната економија. Следејќи ги активностите на Комисијата по однос на одделните групи на индикатори за четвртиот квартал од 2020 година и за целата 2020 година воопшто ЦЕА ги издвојува следните клучни наоди за работата на Комисијата:

  • Како што е наведено во годишните извештаи на Европската Комисија и во годишните извештаи на самата КЗК, се уште постои недостаток на капацитети во КЗК. Планираните нови вработувања за 2020 година кои се предвидени со Стратешкиот план за 2020-2022 не се реализирани. Според Правилникот за систематизација во КЗК се превидени 40 работни места, а во моментот има 24 вработени;
  •  
  • Во годишните извештаи на Европската Комисија се наведува потребата за зголемување на обемот на донесени решенија за заштита на конкуренцијата. Во 2020 година донесени се 58 решенија и сите се безусловно одобрени концентрации. КЗК ретко носи решенија за забранети концентрации. Иако бројот на решенија е поголем од пет-годишниот просек на анализираниот период за 10 решенија сепак, потребно е зголемување на бројот на донесени решенија по однос на заштитата на конкуренцијата;
  •  
  • Европската Комисија оценува дека контролата на државна помош во Северна Македонија не е доволно транспарентна. Износот и примателите на државна помош се познати за прв пат во Годишниот извештај на КЗК за 2018-та година. Износот на одобрена државна помош за 2019 и 2020 година ќе биде достапен за јавноста откако Собранието ќе ги усвои Годишните извештаи за тие години. Сметаме дека улогата на КЗК во процесот на доделување државна помош за справување со економските последици од Ковид 19 е клучна и нејзината работа треба да биде целосно транспарентна за јавноста. Во 2020 година, од вкупно 21 решение за одобрена државна помош, на веб страната се достапни само 12 решенија;
  •  
  • Функционалноста на веб-страницата на КЗК е од големо значење за транспарентноста на Комисијата. После обновата на веб-страницата на крајот на 2019-та година, достапни се само решенијата за државна помош од 2019-та година, а не и за претходните години. Дополнително, нередовно се објавувани решенијата за забранети договори, за одобрени концентрации и одобрена државна помош. Досега во 2020 година на својата веб-страница КЗК објавиле само една вест. Оттука сметаме дека е потребно засилување на комуникацијата на КЗК со општата јавност преку редовно објавување вести и информации за нивните активности;
  •  
  • Доделувањето на државна помош како одговор на последиците од пандемијата се смета како исклучок од општата забрана за државната помош, односно член 7 од Законот за контрола на државна помош според кој државна помош се доделува само по одредени исклучоци и со утврдени процедури. Иако објавувањето информации за мерките за државна помош која ја бараат давателите на државна помош е законска обврска (чл. 29, ЗКДП), КЗК со задоцнување од четири месеци ги објавија решенијата за вториот сет мерки за државна помош поврзани со Ковид-19. Мислења и решенија за четвртиот сет на мерки се уште не се објавени на веб страната.
  •  
  • Годишниот извештај за работата на КЗК за 2019 кој се доставува до Собранието на РСМ, не е разгледан и усвоен, па оттука и јавно недостапен (достапен на страна на Собрание од јануари 2021), што оневозможува пристап до дополнителни информации и податоци.

Погледнете детално во: Мониторинг извештај за квартал #4 и 2020 година

Подледнете ги остнатите извештаи и анализи на темата Следење на Поглавје 8: Заштита на Конкуренцијата и Констрола на Државната помош