Центарот за економски анализи (ЦЕА) го објави новиот бриф за политики „Зајакнување на интегритетот кај локалните климатски финансии: Унапредување на транспарентноста и отчетноста на буџетски циклус кај општините“.
Брифот ги анализира клучните предизвици во управувањето со климатските финансии на локално ниво и укажува на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во сите фази на буџетскиот циклус. Документот нуди конкретни препораки за воведување климатско буџетско означување, зајакнување на надзорот и ревизијата, подобрување на јавните набавки и поактивно учество на јавноста во процесите на буџетирање.
Преку интегриран пристап кој ги поврзува финансиската дисциплина, климатските цели и антикорупциските механизми, локалните самоуправи можат да придонесат кон поефикасно користење на јавните средства, подобри климатски резултати и поголема доверба кај граѓаните.
Овој документ е изработен со финансиска помош од Европската Унија. Неговата содржина е единствена одговорност на Центарот за економски анализи (ЦЕА) и под никакви околности не може да се смета дека ги одразува ставовите на Европската Унија














