Клучна институција што има мандат да врши ревизија на економичноста, ефикасноста, ефективноста и регуларноста во трошењето на јавните средства од страна на јавните институции е Државниот завод за ревизија (ДЗР) – врховна ревизорска институција чија најважна цел е да придонесе јавните средства да се користат на најдобар можен начин, т.е. да оцени дали нацијата мудро ги троши јавните ресурси.

ЦЕА во соработка со Фондација за демократија на Вестминстер (ВФД), преку проектот Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија што се имплементира од 01.08.2016 до 31.03.2018 година, придонесува за подобрување и за зајакнување на врската помеѓу ДЗР и Собранието на Република Македонија, како две меѓусебно независни институции, а во насока на економично, ефикасно и ефективно алоцирање и користење на јавните средства, а, исто така, дава придонес за зголемување на свесноста на граѓаните за тоа како јавниот сектор ги алоцира, ги инвестира и ги троши нивните пари.

Појдовна основа за тоа е следење на активностите на Државниот завод за ревизија, во кој се опфатени неколку аспекти:

• Транспарентност на ДЗР;

• Перцепција на засегнатите страни за транспарентноста на ДЗР;

• Резултати од работата на ДЗР;

• Правна релација помеѓу ДЗР и Собранието на РМ.

За времетраењето на проектот ќе се објават 6 квартални извештаи. Во овој квартал, фокусот од следењето е на транспарентноста на ДЗР.

Целосниот извештај на македонски е достапен на следниот линк.

Повеќе информации за воведниот дел, како и за методологијата на следењето на работата на ДЗР можат да се најдат во првиот квартален извештај.

Подготовката на oвој материјал беше овозможена со поддршка од Британска амбасада Скопје, во рамките на проектот „Подобрување на финансиската отчетност и транспарентност во Македонија“. Мислењата и ставовите наведени во овој материјал не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската амбасада.