Предлог-буџетот за 2019 година, кој е предмет на анализа во овој документ, е усвоен од страна на Владата седница на 16 ноември 2018 година. За разлика од претходните буџетски години, кога Фискалната стратегија во континуитет се носеше со задоцнување, а претставува основа за креирање на Предлог буџетите, последната Фискална стратегија 2019-2020 е навремено донесена во мај 2018 година, и истата е доставена до Собранието на Република Македонија.
По утврдувањето на стратешките приоритети, Владата изготвува Фискална стратегија, како среднорочна фискална рамка за период од 3 години, која ги дефинира насоките и целите на фискалната политики и ги утврдува износите за главните категории на проценетите приходи и одобрените средства за тој период. Фискалната стратегија е неопходна при изготвувањето на Буџетскиот циркулар во кој се утврдуваат финансиските лимити за секој буџетски корисник.
Стратешките приотитети кои се дефинирани во фискалната стратегија 2018-2020 продолжуваат без промени да бидат приоритет на Владата според нивната првична дефиниција.
Целосната анлиза е достапна на следниот линк АНАЛИЗА НА ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА 2019