Регионален форум Процесот на децентрализација во Македонија
Општина Велес, 19 јули 2018, голема сала
Здруженијата Форум – Центар за стратешки истражувања и документација – Скопје, Центар за економски анализи – Скопје и Институт за развој на заедниците – Тетово во соработка и поддршка од Цивика Мобилитас, организаираат форум за процесот на децентрализација во Македонија на ден 19.07.2018.
Во рамки на форумот ќе бидат презентирани главните заклучоци и препораки од истражувањата и анализите поврзани со неколку аспекти на децентрализацијата (успешноста на ЕЛС во испорака на услугите и остварувањата на надлежностите кои им припаѓаат според законите, политиките за рамномерен регионален развој кои се спроведени во последните десет години, (де)централизираниот развој и влијание на граѓанското општество во Македонија, местото и улогата на општинските комисии за односи меѓу заедниците, потенцијалите за ревитализација на месната самоуправа итн.).
Настанот ќе се одржи на 19 јули 2018 година во големата сала на Општина Велес со почеток во 10:30 h и секој заинтереисран е поканет на истиот.
Работни јазици на конференцијата ќе бидат македонски и албански.
Патните трошоци ќе бидат рефундирани врз основа на приложен автобуски билет или сметка за гориво, во висина на повратна автобуска карта до Велес.
Ве молиме потврдете го Вашето учество најдоцна до 17 јули (вторник) на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdbdMa94bijfzr-BcGb51V-7CIt7W66XCwkgNE1ViRMRpcIVg/viewform
За повеќе информации обратете се кај Цветанка Михајловска на mihajlovska@forum-csrd.org.mk или Ана Марија Петровска на petrovska.anamarija@yahoo.com или на телефон 02/3121 100.
Програмата за настанот може да ја најдете на следниот линк : ПРОГРАМА
Информации за настанот можете да следите и на следниот линк:
https://www.facebook.com/events/272318016850821/