На 15 Јуни во Берлин, Претседателот на Центарот за економски анализи, Марјан Николов учествуваше на тркалезна маса „ Македонија една година по политичката криза: напредок и преостанати предизвици на нејзиниот пат кон Евроинтеграцијата“ заедно со Симонида Кацарска (директорка на Институт за европска политика (ЕПИ)/European Policy Institute – EPI) , Марко Трошановски, претседател на Институтот за демократија социетас цивилис, Скопје, и Сабине Штоер, Раководител на Дивизијата за Западен Балкан при Германското Министерство за надворешни работи. Дискусијата беше модерирана од Валешка Еш, директор на програмата на The Aspen Institute за Југоисточна Европа.