Што е Отворени буџети истражување 2017?
• Единствено независно, споредливо, редовно мерење на транспарентноста на јавните буџети и отчетност во Светот, направено од независни граѓански организации и експерти за буџети кои не се зависни од владите.
• Истражувањето се служи со документирани докази и објективни критериуми за евалуација на опсегот за тоа како националните влади во 115 земји ги прават достапни на јавноста осумте клучни буџетски документи и тоа според меѓународни стандарди за буџетска транспарентност. За да бидат „јавно достапни“, документите мора да се достапни на Интернет и во време кое е конзистентно со добрите практики. Дополнително, истражувањето оценува и дали информациите кои се обезбедени во документите се целосни и употребливи.
• Истражувањето исто така оценува и дали законодавецот, државниот завод за ревизија и независните фискални совети овозможуваат на јавноста да бидат вклучени низ целиот буџетски процес.
• Истражувањето НЕ СЕ базира на собирање на мислења или мерење на перцепции туку е базирано на ригорозна објективна методологија која е подложна и на независна ревизија.