24 октомври 2017 г. во Охрид се собраа 186 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата CIVKA Mobilitas во изминативе три години, со цел да ги разменат знаењата и искуствата и да дискутираат за тоа како да ја направат повидлива промената што ја прават во општеството.
Центарот за економски анализи како специфичен акциски грантист учествуваше на форумот за вмрежување и во размената на знаења и искуства на истиот.
Освен идентификувањето и визуелизацијата на промените во секоја целна група со која работат, се дискутираше и за меѓународните практики во набљудувањето и оценката на граѓанските организации и за подобрување на комуникацијата на постигнувањата со Mike Zuijderduijn.
Фокусот на ова Средба за вмрежување беше ставен на препознавањето на промените што ги прават организациите и нивото визуелизирање, односно начинот на кој тие промени се комуницираат со граѓаните без разлика дали се целни групи или општа јавност.
Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на програмата од Велика Британија и Мајк Зијдердуин, директор на МДФ (Раководење со развојни фондации) од Холандија ги поттикна учесниците да размислуваат за промените што ги прават со нивните активности.