Практикантите во рамките на работниот клуб во ЦЕА кој е дел од проектот Вработување на млади Роми истражуваат.
Неиме Мемет и Сибела Ајдар се дел од втората група на практиканти во рамките на работниот клуб во ЦЕА кои ќе ги надградуваат своите капацитети учејки директно од тимот на ЦЕА.
Неиме Мемет ќе истражува на тема Ромската -Декада – Постигнати резултати во делот на образование кај учениците Роми во период 2005-2014. Целта на ова истражување е да се дознае кој е степенот на реализација на планираните мерки за Ромите во делот на образование.
Сибела Ајдар ја избра темата “Преглед на системот на детската заштита во Република Македонија“. Целта на ова истражување е да се направи преглед на правата на децата во РМ.