ПОВИК за ангажирање на локални тренери/ментори за невработени во работни клубовиво склоп на организациите ЦЕА-Скопје, Сумнал-Битола, Светла Иднина-Кочани, Сонце-Тетово
Центарот за економски анализи ЦЕА и Сумнал, Светла Иднина, Сонце, го спроведуваат проектот “Вработување на млади Роми “, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, Социјално вклучување на локално ниво, на Европската Унија.
Проектот има за цел да го олесни вклучувањето на младите невработени Роми на пазарот на трудот. Оваа заедничка цел ќе се постигне преку: 1) зголемување на вештини и разбирање на вработеноста на младите 2) овозможување на пристап до унапредени вештини и практична обука 3) врамување на потребите во стратешките планови на локално ниво за социјално вклучување на пазарот на трудот на целната група.
Со проектот се поддржува социјално вклучување на младите Роми од Скопје, Тетово, Кочани, од руралните средини преку зголемување на вештините за вработување, обука и поддршка за подобро користење на програми и ресурси за вработување, со што ќе се придонесе за економскиот и социјалниот развој на општините. Придобивките од проектот се од особено значење за младите и за бизнисите во целниот регион.
Еден од начините за постигнување на целите на проектот е отворање на Работни клубови во рамките на канцелариите на партнерите
- Скопје, ЦЕА
- Општина Тетово, Сонце
- Општина Кочани, Светла Иднина
- Општина Битола, Сумнал
кои ќе придонесат за зголемување на капацитетите на младите невработени Роми од тие општини преку овозможување на практикантска работа во работните клубови како и практиканство кај компаниите во регионот. За непречено функционирање на Работните клубови потребни се 4 лица, по едно лице од секоја општина/локација за во сите организации.
Целиот повик е достапен на следниот линк