Овој извештај обебедува истражување и резултати во врска со јавниот финансиски систем во Македонија. Извештајот содржи опис на сегашната ситуација во јавниот финансиски систем, понатаму идентифицира главни достигнувања и слабости во системот во областа на правото и институционалната организација и нуди информации во врска со: процесот на буџетирање, внатрешниот финансиски систем, јавни набавки, европски фондови и надворешна финансиска ревизија. Податоците за извештајот се добиени од Државниот завод за статистика, Министерство за финансии, интервјуа со државната администрација, Биро за јавни набавки и потекнуваат од јуни 2010.

Извештај