Центарот за економски анализи во соработка со Федерацијата на фармери на Република Македонија го спроведуваат проектот “Создавање на можности за младите од руралните средини “, финансиран од програмата на ИПА – Развој на човечки ресурси, на Европската Унија, преку корисниците Министерството за финансии и Министерството за труд и социјална политика.
Како дел од активностите е спроведување на серија на обуки за невработени млади лица од руралните средини во Североисточниот плански регион, за унапредување на нивните вештини за зголемување на вработливоста. За таа цел во прилог може да го најдете повикот за искажување на интерес со опис на задачите и модулите како и обрасци за доставување на понуди за спроведување на обуките во адекватна област/тема.