15 Декември 2021, Среда, Скопје, (11:30 – 15.30 CET)

Центар за економски анализи (ЦЕА) Ве поканува на завршен настан
ТЕМА: Даночното однесување за подобра даночна одговорност
локација: Хотел Double Tree Hilton Скопје, Булевар АСНОМ 17
онлајн: zoom линк доставен по регистрација
——

Центарот за економски анализи (ЦЕА) – Скопје со задоволство Ве поканува да учествувате на завршниот проектен настан на тема „Увид во даночното однесување за подобра даночна усогласеност и одговорност“, на 15 декември 2021 година во хотел Double Tree Hilton Скопје или онлајн преку zoom платформа.

Целта на овој хибриден настан е да ги презентира  резултатите и предлози за подобрена даночна одговорност преку резултатите од подобреното даночното однесување, преку пилот-искуствата во Северна Македонија како и низа меѓународни искуства.

На настанот се планирани неколку сесии на кои ќе се презентираат и дискутираат предизвиците на локалната самоуправа во прибирањето на локалните даноци, меѓународните искуства со интервенции во даночното однесување и даночниот морал, ефектите од пилот-искуствата за влијание врз даночното однесување во Северна Македонија на локално ниво како и вклученоста на граѓаните како фактор за даночниот морал.

Настанот е дел од Проектот за даночна одговорност – Кон граѓанска одговорност и одговорни даноци, кофинансиран од ЕУ, имплементиран од ЦЕА. Проектот имаше за цел да придонесе за унапредување на даночната одговорност и на граѓаните и на властите во Северна Македонија.

Настанот е од отворен карактер, но сите учесници, било со физичко или виртуелно присуство, потребно е да се пријават однапред за начинот на присуство на следниот линк

Линк до поканата и предлог агендата на македонски јазик

Линк до поканата и предлог агендата на англиски јазик