Мапирање на потребите на невработените жени со посебен фокус на самохрани мајки и жени од рурални средини и анализа на текстилната индустрија како потенцијал за вработување

Ова истражување е спроведено во рамки на проектот “Зголемување на вработливоста и подобрување на економската состојба на жените во општеството” кој го спроведува ОЖ Визија од Кавадарци во партнерство со ЦЕА.

Целта на истражувањето претставува идентификување на потребите и преференците согласно степеност на образование на невработените жените, можностите за надоградување на капацитети и дополнитено идентификување на потребите и условите на потенцијалните компании кои нудат вработување во текстилната индустрија како индустрија која е добро развиена во општината и околината.

Оваа анализа е подготвена под менторство на ЦЕА.

Целата публикација е достапна на следниот линк:  Анализа на побарувачката и понудата на женска работна сила во општина Кавадарци

Оваа публикација е изработена во рамки на проектот „Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD)“ којшто е финансиран од Европската унија (ЕУ), а го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). За содржината на оваа публикација како и наодите што се изнесени во неа одговорни се исклучиво ОЖ Визија од Кавадарци и Центарот за економски анализи од Скопје и не значи дека ги отсликува ставовите на Европската унија (ЕУ) или на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).