Капиталните инвестиции од буџетот на РСМ бележат значителни кратење секоја година со изменетите и дополнети буџети односно со ребалансите на буџетите. Во текот на буџетскиот процес согласно стратешките планови, буџетските корисници планираат и капитални инвестиции. Редовното нереализирањето на истите ја става под знак прашање фискалната дисциплина на Владата во целина но и на буџетските корисници засебно.
Неспорно е дека капиталните инвестиции/расходи во буџетите поттикнуваат раст и развој, но со напомена кога зборуваме за капитални инвестиции мислиме на капитални расходи за долгорочни капитални средства кои се во прилог на креирање на инфраструктура т.е. предуслови за подобар развој и раст, унапредување на продуктивноста и конкурентноста на деловниот сектор и општеството во целост
Висината на реализираните капитални инвестиции во последната деценија не надминале 20 милијарди денари (за периодот 2009-2018).
Eкономскиот трошок по економскиот раст го пресметуваме од:
- Нереализирани капитални инвестиции
- Загубена конкурентност и ефекти по загубен извоз
Прочитјте повеќе во ЦЕА Мислење: Економските трошоци од нереализираните капитални инвестиции во Република Северна Македонија