Марјан Николов е Претседател на ЦЕА и глобален ЈПП експерт со докторат во мерење на ефикасност на децентрализација од Универзитетот во Љубљана. Тој работел во повеќе од 15 земји во Европа, Средниот исток и Африка. Неговата област на експертиза покрива општински финансии и фискална децентрализација, јавни финансиски менаџмент, ЈПП физибилити студии, фискална транспарентност и мониторинг и изработка на кост-бенефит анализи. Тој има подготвено, дизајнирано и имплементирано обуки, истражувачки трудови и трудови за носење на политики во делот на јавниот финансиски менаџмент и децентрализацијата. 

 

Весна Гарванлиева Андонова, e магистер во областа на деловна администрација и е Постар економист во ЦЕА повеќе од шест години, а е член на ЦЕА повеќе од една деценија. Таа има значително професионално искуство во управување со проектни како и консултантски услуги за приватниот и јавниот сектор насочени кон економски развој. Таа има посебен интерес за квантитативно и квалитативно истражување и анализа на политики во областите на добро управување во јавните финансии, развојот на човечкиот капитал, локалното финансирање, регионален развој, и др.

 

Габриела Димовска е дипломиран економист по финансиски менаџмент и кандидат магистер по монетарна економија, финансии и банкарство. Работи во ЦЕА како истражувач и економист повеќе од шест години. Поседува знајно искуство во областите на јавните финансии, вклучително буџетскиот процес и прашања поврзани со фискалната транспарентност и отчетност. Исто така има искуство во анализи на општинските финансии, фискална транспарентност и одговорност. Габриела има особен интерес за прашања поврзани со доброто управување во обезбедување на јавните добра; учествувала во проекти од доменот на макро економијата (фискална и монетарна политика), социјално вклучување, конкуренцијата и др.

 

Ана Марија Петровска е дипломиран економист на отсекот финансиски менаџмент и  кандидат за магистер по управување со информациони системи. Работи во ЦЕА како истражувач и економист повеќе од четири години. Ана Марија стекна цврсто познавање во јавните финансии, буџетскиот процес на локално и национално ниво, фискална децентрализација и развој на човечки капитал. Таа има посебен интерес за анализирање економски показатели, квантитативни и квалитативни истражувања. Учествувала во проекти од доменот на, макро економијата и социо економијата.

 

Ивана Велковска е економски аналитичар во ЦЕА, студент на докторски студии по економија на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и магистер по меѓународна економија. Во ЦЕА работи повеќе од две години, а има претходно работно искуство во приватниот сектор како финансиски аналитичар и даночен консултант. Нејзината област на истражување се економската нееднаквост, социјалната политика и јавните финансии.

 

 

Мирослав Трајановски, е правен експерт со повеќе од 35 години професионално искуство во областа на правните работи. Во периодот од 1984 до 1996 година бил вработен во Секретаријатот за законодавство – Влада на Република Македонија, помагајќи им на органите на државната управа во подготовката и изготвувањето на примарната и подзаконската регулатива. Во периодот од 1997 до 1999 година бил директор на правната служба на Агенцијата за приватизација, организирајќи, раководејќи и следејќи го процесот на приватизација/трансформација на претпријатијата со општествен капитал. Тој е искусен во анализа, разгледување и изготвување на примарната и подзаконската регулатива, како и на внатрешните акти на јавните субјекти. Во текот на својата кариера учествувал во повеќе проекти поврзани со подобрување на локалната самоуправа. Како заменик тим – лидер бил вклучен во спроведувањето на Проект на ФАРЕ за развој на локалната самоуправа, помагајќи му на лидерот на тимот во организирање и управување со проектот, анализа и правна експертиза на Законот за локална самоуправа како и на други закони поврзани со пренос на надлежностите од централните на локалните власти. Има одлично познавање на Јавното приватно партнерство (ЈПП) и Јавните набавки (ЈН) (теорија и пракса: изработка на примарното и секундарното законодавство на Република Северна Македонија; изработка на физибилити студии, тендерска документација и модел на договори за ЈПП и ЈН во согласност со македонското законодавство и најдобрата практика на ЕУ). Во текот на својата кариера како експерт за ЈПП и ЈН бил ангажиран во изработка на правниот дел од физибилити студиите за оправданост за доделување на договор за воспоставување на јавно приватно партнерство. Исто така, учествувал на обуките организирани од УСАИД како обучувач на јавниот сектор на национално ниво, локалните власти и деловните субјекти.

 

Марина Јандревска е дипломиран економист. Во периодот од 2005-2021 година била вработена во локална самоуправа. Нејзина област на експертиза се општинските финансии и внатрешната ревизија. Таа поседува значајно искуство во областа на општински буџети, завршни сметки, проценка на ризици, ревизорски универзум, јавна внатрешна финансиска контрола. Во текот на своето работење во локалната самоуправа таа подготвува и имплементира алатка на Програмата за урбано партнерство на Светска банка Австрија (UPP) за финансиска самооценка на локалната самоуправа и проценка на финансискиот капацитет (MFSA), алатката ја има презентирано  на повеќе регионални конференции за локалните самоуправи во Југоисточна Европа, Австрија и Република Турција. Од 2022 година Марина работи како специјалист за финансии на општини во рамки на Проект на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите. Таа организира и имплементира работилници и менторски сесии за градоначалниците и општинската администрација на партнер општините од Проектот. Марина Јандревска е член на Local Public Sector Alliance (LPSA), глобална професионална мрежа на експерти кои споделуваат знаења во областа на децентрализацијата и локалниот развој низ целиот свет. 

 

Игор Митевски е дипломиран економист по финансиски менаџмент. Работи во ЦЕА како истражувач и економист повеќе од 7 години. Има искуство во областите на јавните финансии, вклучително буџетскиот процес и прашања поврзани со фискалната транспарентност и отчетност. Исто така има искуство во анализи на општинските финансии, фискална транспарентност и одговорност. Учествувала во проекти од доменот на макро економијата (фискална и монетарна политика), социјално вклучување, конкуренцијата и др.