Центар за економски анализи (ЦЕА):
Завршен настан за проектот за Даночна одговорност, 15 Декември 2021
ТЕМА: Даночното однесување за подобрена даночна одговорност
Центарот за економски анализи (ЦЕА) – Скопје на завршниот проектен настан на тема „Даночното однесување за подобра даночна одговорност“, ги презентираше резултатите и предлози за подобрена даночна одговорност од проектот за Даночна одговорност, финансиски поддржан од ЕУ, преку програмата ЕИДХР.
Програмата се состоеше од повеќе сесии на кои се презентираа и дискутира предизвиците на локалната самоуправа во прибирањето на локалните даноци, меѓународните искуства со интервенции во даночното однесување и даночниот морал, ефектите од пилот-искуствата за влијание врз даночното однесување во Северна Македонија на локално ниво како и вклученоста на граѓаните како фактор за даночниот морал.
Настанот е дел од Проектот за даночна одговорност – Кон граѓанска одговорност и одговорни даноци, кофинансиран од ЕУ, имплементиран од ЦЕА. Проектот имаше за цел да придонесе за унапредување на даночната одговорност и на граѓаните и на властите во Северна Македонија.
Агендата и достапните презентации кои беа претставени преземете ги од линковите подолу
Целиот настан може да го погледнете овде https://fb.watch/9WMwu3tuJn/
Отварање и излагање на настанот имаа
- НИКОЛОВ Марјан, Претседател на ЦЕА
- JANMAAT Freek, Head Operations I (економски развој, владеење на право, јавна администрација), ДЕУ Скопје
- ТРАЈКОВСКИ Горан, Градоначалник на Делчево
Сесија 2: Предизвиците во прибирањето на локалните даноци:
- ГАРВАНЛИЕВА АНДОНОВА Весна, Проектен координатор и Економист, ЦЕА КАРАКАШОВСКИ Љупчо, Општина Пехчево
- ТАСЕВ Емил, Општина Делчево
- ЈОСИФОВСКА Оливера, Општина Гостивар
Сесија 3: Даночен морал и даночно однесување и меѓународни искуства
- НИКОЛОВ Марјан, Претседател на ЦЕА
- KARVER Jonathan Аналитичар на истражувања, и LUCCHETTI Leonardo, Економист Светска Банка (презентација линк)
- MADZAREVIC-SUJSTER Sanja, Виш Економист Светска Банка (презентација линк)
- ГЛИГОРОВ Зоран, помошник раководител на сектор за јавни приходи и даноци и царински политики, Министерство за финансии (презентација линк)
- ПЕТРОВА Елена, Раководител на Сектор за наплата и управување со долгови, УЈП (презентација линк)
Сесија 4: Доброволно плаќање на даноците и вклученост на граѓаните во носење на одлуки
- Модератор и презентер: ДИМОВСКА Габриела и ПЕТРОВСКА Ана Марија, Економист, ЦЕА (презентација линк)
- КАРАКАШОВСКИ Љупчо, Општина Пехчево
- СТОЈМЕНОВСКИ Тони, Општина Делчево
- АНГЕЛОВСКА Валентина, Општина Крива Паланка
- NEZIRI Mersel, Општина Гостивар
Сесија 5: Експериментални методи за поттикнување на даночен морал и однесување на даночните обврзници: искуства
- Модератор на сесија: ПЕТРОВСКА Ана Марија, Економист, ЦЕА
- Искуства со однесувањето на даночните обврзници: данок на имот во Северна Македонија, ГАРВАНЛИЕВА АНДОНОВА Весна, Економист, ЦЕА (презентација линк)
- Искуствата со влијание врз однесувањето на индивидуите и фирмите, во Албанија, Косово и Полска, KARVER Jonathan Аналитичар на истражувања, и LUCCHETTI Leonardo, Економист, Светска Банка (презентација линк)