Проектот Зајакнати капацитети на локалните грасрут лидери за брз развој на туризмот го спроведува Велес Бајкинг – Велес во партнерство со Центарот за економски анализи од Скопје.
Овој проект е поддржан од „Програмата „Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“
Проектот има за цел зајакнување на капацитетите на локалната организација – Велес Бајкинг за одржлив развој преку know how системот за пренесување на знаења и искуство. Преку планираните активности со партнерите на проектот, ќе има мултипликативно дејство врз членовите на здружението во поглед на зголемување на капацитетите за спроведување и водење на големи проекти, финансиско управување и за прв пат креирање на стратешки документ кој ќе биде основа за постапување на идентификуваните цели и стратегии за подобра рекреација на спортисти, заштита на животна средина и развој на туризмот.
Времетраењето на проектот е 6 месеци од 14.06.2019 – 13.12.2019.
Вкупниот буџет на проектот изнесува 184.440 МКД.
Планирачки средби:
Прва работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг
Втора работна средба за стратешко планирање на Велес Бајкинг
Обуки:
Обуки за 1.Административно и финансиско управување и 2.Раководење со проектен циклус